Бонучи: Бевме немоќни, Шчешни: Разликата меѓу двата тима е видлива (ВИДЕО)

295

Колку што Томас Тухел, менаџерот на Челзи, беше воодушеен од она како неговиот тим одигра вчера на домашен терен против Јувентус и обезбеди триумф од 4:0 во Лигата на Шампионите, толку гостите по овој дебакл се разочарани.

Леонардо Бонучи, еден од најдобрите дефанзивци на светот имаше полна уста критики за она што се случуваше синоќа во Лондон.

„Челзи беше сјаен, ни создадоа огромни проблеми. Мора тоа да си го признаеме и да пробаме да се поправиме на следните мечеви. Се обидувавме да го затвориме просторот, но против ваква екипа и најмала грешка жестоко е казнета. Бевме тотално немоќни на овој дуел“ – рече Леонардо Бонучи. Неговиот соиграч па Војчех Шчешни беше уште покритичен во изјавата.

„За жал вечерва се виде огромна разлика помеѓу двата тима. Челзи е во моментов Европскиот шампион, најдобриот тим. Не бевме во можност да им се спротивставиме на ниту еден начин. Бевме трагично лоши. Ова многу боли навистина боли“ – изјави голманот на Јуве.

REUTERS/Hannah Mckay
ПретходноТухел: Фантастична претстава, сјаен резултат (ВИДЕО)
СледноСеферовиќ, се промашува ли ова на Ноу Камп во „девееста“? (ВИДЕО)