Мафијашот Миколи ќе оди три години во затвор (ВИДЕО)

1299

Некогашниот Италијански фудбалски суперстар Фабрицио Миколи дефинитивно заминува во затвор, затоа што му е потврдена казната од 3.5. години од страна на највисоките судски инстанци. Тој е осуден за изнуда, насилно однесување, и поврзаност со мафијата, нешто што со оглед на неговата репутација и минато во фудбалот е огромно изненадување за сите.

Сепак, самиот случај датира од пред десетина години кога Миколи му се заканувал на еден сопственик на ноќен клуб, и насилно се обидел да му одземе 12.000 евра. Снимен со аудио доказ, Миколи се заканува, го споменува и Џовани Фалконе познатиот судија кој во деведесеттите и се спротивстави на мафијата. На судењето Миколи се покајал, рекол дека неговиот пријател Мауро Лаурицела со кого заедно е осуден е воопшто дел од мафијата, но тоа малку му помогнало.

Миколи најголема трага остави во дресот на тимот на Палермо,  но очигледно дека и животот во овој град оставил трага и врз него, па сега ќе мора заедно со своите адвокати да одбере установа каде што ќе ја издржи казната која му е неминовна.

ПретходноСеферовиќ, се промашува ли ова на Ноу Камп во „девееста“? (ВИДЕО)
СледноКерик: Целта не беше да се игра добар фудбал, туку да се победи (ВИДЕО)