Бензема доби една година условен затвор

193

Заврши судењето кое се водеше против Карим Бензема, членот на Реал Мадрид и репрезенатативец на Франција, а кое беше по кривичната пријаза за уцена односно изнуда на неговиот поранешен соиграч од националниот тим Метју Валбуена.

Бензема е прогласен за виновен и е осуден со една година условен затвор и парична казна од 75.000 евра.

Со ова се завршува една од најголемите контраверзи во поновата историја на светскиот фудбал откако оваа афера која датира од пред неколку години стигна до судските органи во Франција.
Како што е добро познато своевремено група криминалци инаку блиски до Бензема, го уценувале Валбуена со секс видео снимка на која се појавува тој и побарале да им плати за истата да не излезе во јавноста. Бензема бил вклучен во целата „операција“ тоа судот го докажа и тој мораше да ги сноси последиците поради тоа.

 

FOTO:EPA

ПретходноБрестовац 11. кола без пораз во Саудиска Арабија
СледноЧелзи го сака Еден Азар на позајмица