Foto>Twitter/LND
Некогашниот англиски репрезентативец Џон Тери во разговор за „ talksport.com“ ги откри неговите идни планови, односно цели во менаџерската кариера. Тој се изјасни дека никогаш не би работел во Тотенхем, а целта во менаџерската кариера му е да работи во неговиот поранешен клуб Челзи.
Тери како играч беше капитен на Челзи и освои пет премиерлигашки титули, а сега работи како асистент на Дин Смит во Астон Вила.
„Мојата амбиција е многу јасна. Постои конечна цел, а тоа е еден ден да станам менаџер на Челзи. Да го направам Челзи искрен, организиран и цврст тим и добро спремен со четворица во одбранбената зона. Ги гледав Лампард, го гледам како работи Џерард и какви успеси имаат. Лампс е прва сезона во Челзи, а Стиви го однесе Ренџерс до долгоочекуваната титула во Шкотска. Веројатно тогаш не бев спремен уште да се впуштам во менаџерските води. Сега сум, но исто така не брзам односно по секоја цена да се впуштам во некој проект. Во изминатите година дена одбив две понуди и тоа од пристојни клубови. Имам уште една година со Астон Вила. Би сакал да почнам да работам како менаџер, но ќе повторам – не се брзам“, изјави Тери.
На прашањето дали би го преземал Тотенхем кој е во потрага по тренер по отказот на Жозе Мурињо и би го заменил актуелниот в.д. тренер Рајан Мејсон.
„Не, не. Никогаш. Тотенхем е единствениот клуб во кој никогаш не би работел. Сигурен сум дека не би работел ни во Вест Хем. Таму сигурно не би бил добредојден“, додаде Тери.