Колом: Нема потценување на ниту еден ривал, респект за секого

143

Кошаркарската репрезентација на Македонија утре го игра квалификацискиот дуел за Светското првенство против Шпанија на домашен терен, со почеток 19:30. Противникот пристигнува вечерва, утре претпладне има тренинг, а пред самото заминување за Скопје, капитенот на „Фуријата“ Кино Колом изјави дека на овој меч ќе му се пристапи исклучително одговорно и дека не постои никаква шанса Македонија да биде потценета.

„Сите ривали се многу опасни. Треба да бидеме внимателни и да ги почитуваме сите. Ова е можност уште еднаш да им покажеме на сите дека има многу добри шпански играчи. Дека националниот производ е квалитетен и дека тие можат многу да ѝ помогнат на репрезентацијата, повеќе отколку што се очекува од нив“ – изјави искусниот плејмејкер на „црвената фурија“.

ПретходноЈокановиќ повеќе не е тренер на Шефилд
СледноИнзаги: Четвртфиналето во Лигата на шампионите ми е цел уште од првиот ден во Интер