Кантона се пошегува: Јас сум новиот менаџер на Манчестер Јунајтед!

165

Со оглед на тоа дека веќе неколку денови Манчестер Јунајтед не може да најде адекватно име за шеф на струката или менаџер на тимот, откако отказ доби Солскјер а Керик е само привремено решение, легендарниот Ерик Кантона малку се пошегува на социјалните мрежи.

Тој покрај останатото на своите социјални мрежи напиша…

Здраво пријатели! Би сакал ексклузивно да ве информирам дека јас сум новиот менаџер на Манчестер Јунајтед. Подоцна ќе ви ги кажам имињата кои се дел од мојот стручен штаб. Се гледаме наскоро“ порача некогашната мега – ѕвезда на Јунајтед, кој кога играше во клубот од “Олд Трафорд“ беше еден од најпопуларните фудбалери во светот, а Манчестер непрокосновен во Премиер лигата па и во Европа.

ФОТО: Twitter

ПретходноЏака се враќа на терен на почетокот на јануари
СледноГотово е: Ралф Рангник е новиот тренер на Јунајтед!