Сензационална вест доаѓа од Англија. Имено како што пишуваат медиумите од Островот, раководството на Манчестер Јунајтед избрал нов тренер. Верувале или не, тоа е Ралф Рангник, Германецот кој пред извесно време беше поврзуван со Милан, но во последен момент тој трнсфер пропадна.
Во моментов Рангник е директор на Локомотив Москва, а тој во Јунајтед ќе биде до крајот на сезоната. Дури потоа ќе има разговори за евентуално продолжување на соработката.
Претходно Рангник има работено како тренер во Лајпциг и Ред Бул Салцбург.
Се очекува официјално „ДА“ од Јунајтед.