Се додека Леонардо е спортски директор на ПСЖ, дотогаш Зинедин Зидан нема да биде тренер на “светците“. Ова е причината зошто екс стратегот на Реал Мадрид го одбил повикот на клубот од Париз да го презеде тимот.
Имено Зидан не крие дека не е во добри односи со Бразилецот уште од играчките денови, и дека не сака некој друг да му ја “крои“ трансфер – политиката. Тој сакал да решава за тоа кои играчи би заминале, а кој би дошле. А се знае дека сега тоа го прави само Леонардо. Токму поради тоа Тухел си заминал а Покетино веќе наголемо размислува да си оди. Ова го јавуваат медиумите во Франција, кои се уверени дека многу бргу Насер Ал – Келаифи, претседателот на ПСЖ ќе мора да се “ослободи“ од Леонардо. Имено тие се уверени дека токму доаѓањето на Зидан во ПСЖ ќе значи и останување на Килијан Мбапе и доаѓање на Пол Погба, нешто што е приоритет за клубот во 2022 година.