Екипата на Тотенхем се најде во ситуација да испадне од Лигата на конференции откако загуби на гостувањето во Словенија од екипата на Мура со 1:2.
По оваа средба се огласи тренерот на премиер-лигашот, Антонио Конте, кој беше сосема искрен во однос на играчите со кои располага.
„Дури сега почнувам да ја сфатам ситуацијата. Истата не е едноставна. Во моментов Тотенхем не е на врвно ниво. Милеми е што сум тука, мораме да работиме многу и да го подигнеме квалитетот на екипата“, порача Конте.
Тотенхем не блеска ниту во Премер-лигата, има 19 бода по 12 одиграни натпревари и се наоѓа на седмото место на табелата.