МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ на Видеолотарија Касинос Австрија усреќи четири нови играчи во последните десет дена, со збирна сума од, речиси, 5,5 милиони денари. Најновиот меѓу добитниците е Дејан Долгоски од Прилеп.
Среќниот час за Дејан бил во вторникот, на 23 ноември, вечерта околу 22.00. Се изненадил кога сфатил дека е добитник на МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ, вреден 1.331.210 денари. Тој бил редовен играч на спортско обложување и претходно имал поситни добивки, но ниедна приближна на оваа, милионска.
Уште среќен и еуфоричен, раскажа дека вечерта играле со другар, на играта која најчесто ја игра „40 Supet hot“.
„Токму коментиравме со другарот како тоа никогаш нас не ни се паѓа МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ и во тие моменти се случи. Навистина неверојатно, уште не ни се верува, во еуфорија сум и јас и сопругата. Не можам да го опишам чувството“, раскажуваше харизматичниот Дејан.
Кажа дека парите лесно ги испланирале, дел ќе искористат тој и сопругата, а поголем дел ќе одат за нивниот син, кој живее и работи во Скопје.
Оваа на Дејан е само една од четирите приказни кои ги направи поведри МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ во минативе десет дена. Уште на 17 ноември, имавме добитник М.Р. во Струмица, кој освои 1.481.990 денари. Потоа, на 19 ноември среќата му се насмевна на М.А во Куманово, во објект на Спортлаиф, како претходните два, со МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ вреден 1.252.126 денари. Два дена пред Дејан се вклучи сигналот за добивка и во село Куклиш, во струмичко, кај Џ.К. кој освои 1.350.596 денари.
МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ и понатаму ќе ги усреќува играчите на Видеолотарија Касинос Австрија со добивки кои се движат од 1.200.000 до 1.800.000 денари, заедно со сензационалниот СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ, чија вредност достигнува до 12.000.000 денари.
#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно