Историја пред ждрепката: Имаме победи над Шкотска и Велс, само порази со Русија и Шведска!

832

Остануваат уште само неколку часови до почетокот на ждрепката во Цирих, каде Македонија ќе го дознае својот ривал во полуфиналето од плеј – офот или баражот за пласман на СП во Катар 2022 година.

Фудбалска Македонија е во транс, сите со нетрпение го чекаме името на ривалот или ривалите. Имено ние сме убедени дека нашата репрезентација предводена од селекторот Благоја Милевски не само што ќе игра во финалето туку и ќе се најде на Мундијалот.

Се е можно кога станува збор за оваа генерација.

Португалија, Италија, Шведска, Русија, Шкотска и Велс. Со една од овие селекции ние на 24 март ќе играме на нејзин терен во полуфиналето.

Е, сега, ајде малку да видиме што кажува традицијата, историјата со оглед на тоа дека сме играле со сите овие селекции во минатото.

Најдобро минуваме со Велс, од два меча имаме по една победа и еден пораз. Сме ја победиле и Шкотска, но никако не ни оди со Русија и Шведска, се само порази.

Интересно е тоа што на мечевите со Португалија и Италија имаме и по едно реми.

Вкупно против овие селекции сме играле 17 пати, имаме само две победи, три ремија и 12 порази. Така беше во минатото, но оваа генерација е нешто посебно, оваа генерација има победнички дух, победнички менталитет. Оваа генерација е нашата најдбра генерација во историјата. Играше на ЕП за младинци, играше на ЕП ова лето, се пласира во баражот.Затоа велиме дека е нај, нај во историјата на нашата репрезентација. И затоа треба да се верува во нејзе.

ШТО ВЕЛИ ТРАДИЦИЈАТА – СИТЕ РЕЗУЛТАТИ

ПОРТУГАЛИЈА: 2 0 1 1 0:1

ИТАЛИЈА: 2 0 1 1 3:4

ШВЕДСКА: 3 0 0 3 1:4

ШКОТСКА: 4 1 1 2 3:5

РУСИЈА: 4 0 0 4 0:7

ВЕЛС: 2 1 0 1 2:2

ВКУПНО: 17 2 3 12 9:23

ПретходноПаузата на полувреме останува 15 минути
СледноОд ПСЖ велат, добредојде Зизу…