Претседателот на Италијанската фудбалска федерација, Габриеле Гравина потврди дека имаат намера да натурализираат тројца играчи кои би можеле да заиграат за италијанската фудбалска репрезентација веќе во март 2022 година. Тоа би значело дека Италија во баражите за пласман на Мундијалот во Катар може да има уште три големи засилувања.
„Федерацијата е заинтересирана за сите играчи кои можат да бидат повикани во репрезентацијата. Работиме на три позиции, но засега работите се е во тек. Ние ги преземаме формалностите, а потоа селекторот треба да одлучи кого да повика, а кого не“, рече Гравина.
Според италијанските медиуми, Италијанската федерација се обидува да им даде пасоши и да ги направи репрезентативци Бразилците, Луис Фелипе, дефанзивецот на Лацио, потоа дефанзивецот на Рома, Рожер Ибанез и играчот од средниот ред на Каљари, Жоао Педро.