Потешко амин. Ах, тој Матеус. Ждрепката во Цирих сакаше да ни се падне Италија.
Значи Македонија во полуфиналето од плеј-офот за пласман на СП во Катар 2022 година ќе гостува кај Италија.
Во случај на наш триумф на овој натпревар тогаш ќе играме со победникот од двомечот меѓу Португалија и Турција.
Ние сме во групата – Ц.
Секако дека ова е пеколно тешка ждрепка.
Полуфиналето се игра на 24 март следната година, додека финалето пет дена подоцна или 29 март.
Без оглед на ждрепката Македонија сака, Македонија може да се надева на остварување на сонот, на пласман на Мундијалот во Катар.
Со среќа, МАКЕДОНИЈО!