Кристијано пак нека ПЛАЧЕ, но сега од МАКЕДОНИЈА!

1107

Лотар Матеус, легендата на германскиот фудбал ни ја одреди судбината во баражот или плеј – офот за пласман на СП во Катар 2022. И да сакавме потежок пат немаше да одбереме.

Прво на гости кај Италија, а потоа веројатно во Лисабон, кај моќната Португалија, кај Кристијано Роналдо.

Се разбира дека сите ние посакуваме да го минеме овој пат и се најдеме во Катар, вреди да сонуваме.

Секако дека патот до Катар води преку Рим или Лисабон, а супер би било во финалето да го видиме одново како Кристијано Роналдо ПЛАЧЕ. Но сега да плаче од МАКЕДОНИЈА.

Тоој меч би се играл на 29 март. Сепак, сепак прво мораме да го минеме европскиот првак, и тоа на негов терен.

Уште еден ПЕКОЛ за тебе МАКЕДОНИЈО.

Ти си навикната секогаш да одиш по најтешкиот и најдолгиот пат.

ПретходноМилевски: Македонија може против секого на било кој терен
СледноМожеме со Италија: Во Торино одигравме реми, во Скопје ги спаси Имобиле! (ВИДЕО)