ЛА Лејкерс го победија Детроит со 110-106 осум ден по скандалот за време на пресметката меѓу овие два тима. Леброн Џејмс со лакт го удри Ајзеа Стјуарт, кој се стрча на теренот да се одмазди. „Кралот“ доби суспензија од еден натпревар, додека Стјуарт два.
Овој пат немаше инцидент, Лејкерси ја запишаа 11. победа во 22. натпревар оваа сезона, секако благодарение на серијата од 16-0 во третата четвртина и спектакуларната партија на Леброн. Мечот го заврши со 33 поени, пет скока и девет асистенции.
Расел Вестбрук постигна 25 поени, 6 скока и девет асистенции, Ентони Дејвис имаше дабл-дабл од 24 поени, 10 скока и три блокади.
На останатите средби Мемфис го совлада Сакраменто со 128-101, Торонто загуби од Бостон со 97-109.