Силекс е полуфиналист во националниот куп на Македонија и сезонава. По денешниот дуел против Брегалница и победата на пенали, Кратовци дефинитивно покажаа дека тоа што се второлигаши во моментов ама апсолутно не го намалува нивниот капацитет и квалитет и дека ова е само една преодна фаза на клубот.
Тренерот Горазд Михаилов нормално презадоволен од денешниот исход, од играта и перформансот на неговите избраници кои заслужено го елиминираа прволигашот, и се дел од самата завршница во купот.
„Честитки до моите играчи до мојот стручен штаб ова е заеднички триумф. Ние уште пред натпреварот се надевавме потајно на успех, и дека ќе презимиме со пласман во полуфиналето во купот. Мислам дека немаше да биде незаслужено ако поминевме и по регуларниот дел од мечот. Задоволен сум од прикажаното особено во вториот дел, каде што прикажавме доминација. И иако примивме први гол покажавме цврстина, карактер, и дека сме екипа која мора треба да биде респектирана. Уште еднаш честитки за сите, за цела екипа, сите се заслужни за овој триумф, пласман кој Силекс како клуб тотално го заслужи„ – изјави Михаилов.