Многу сме ЈАКИ: И Струга Трим Лум со победничко селфи!

742

Сензација во Тетово. Струга ТЛ на пенали го елиминира актуелниот шампион, тимот на Шкендија, и се пласира во полуфиналето во Купот на Македонија. Ова е еден од најголемите успеси, историски успеси на клубот кој е „стар“ само 6-7 години. Летоска играше во Европа, а сега е на чекор до пласман на едно големо финале во Купот на Македонија.

Секако дека беше многу еуфорично во соблекувалната на Струга ТЛ после мечот, на кој ја совладаа Шкендија и тоа на пенали, а херој беше голманот Давор Талески.

Многу сме јаки“ тоа е пораката на стружани по пласманот во полуфиналето во Купот.

ПретходноСекељи во Топ 5 одбрани во Европската лига (ВИДЕО)
СледноМакедонија можеби ќе го “однесе“ Манчини во Јунајтед!