„Саудискиот“ Њукасл 14 кола нема победа, традицијата вели дека ќе падне во Чемпионшип

200

Ни во 14-тиот обид фудбалерите на Њукасл не успеаа да ја остварат првата победа во Премиер лигата. Вчера одиграа само 1:1 на домашен терен против директниот конкурент за опстанокот Норвич. Популарните „страчки“ се заковани за дното со само 7 бодови.

Седум реми и седум порази е ефектот на Њукасл по 14. кола. Ако ги споредиме топ 5 лигите Леванте е на слично ниво во Ла Лига (седум ремија и осум порази) додека убедливо најслаб е германски Гројтер Фирт кој има едно реми и 12 порази.

Состојбата во Њукасл е посебна затоа што сезонава доби нови сопственици, инвестициски фонд од Саудиска Арабија чиј план е да направат силна екипа на „Сент Џејмс Парк“ која ќе се бори за трофеи. Го сменија и тренерот, го ангажираа Еди Хоув кој засега не смени ништо.

А традицијата вели дека екипите кои биле во ваква ситуација редовно испаѓале од Премиер лигата на крајот на сезоната.

Пред Њукасл само три тима во ерата на Премиер лигата не оствариле ниту една победа во воведните 14. кола. Тоа се Свиндон (сезона 1993/94), Квинс Парк Ренџерс (2012/13) и Шефилд Јунајтед (2020/21). На крајот на сезоната сите три испаднале во понизок ранг.

ПретходноМакедонија можеби ќе го “однесе“ Манчини во Јунајтед!
СледноПике: Фудбалот мора да стане„секси“ производ или ќе биде збришан од Нетфликс и Инстаграм