Чеферин: Да за СП со 68 тимови, но не и за СП на секои две години

289

Претседателот на УЕФА Александар Чеферин за ХРТ зборуваше за многу теми, меѓу кои и идејата СП да се игра на секои две години. УЕФА остро се противи на таа идеја.

Идејата е лоша затоа што нивниот предлог е секои две години да се игра Светско првенство и секои две години Европско првенство. Тоа значи дека секое лето месец дена фудбал. Играчите и сега веќе премногу играат, замислите по тешката сезона уште еден месец да играат СП или ЕП“, објасни Чеферин.

Од друга страна тоа би го ‘масакрирал’ женскиот фудбал ,затоа што женскиот фудбал сега се игра во годините кога нема машки фудбал. Ако сето тоа би било во исто време тогаш многу малку луѓе ќе следат женски фудбал. Олимписките игри би биле истовременои со СП со што многу други спортови паѓаат во втор и трет план“, изјави Словенецот.

УЕФА има три пати поголем буџет од ФИФА, а ако тоа би се случило ние би имале повеќе пари. Меѓутоа Фудбалските сојузи би изгубиле затоа што квалификациите би биле поинакви. Да би го развивале фудбалот можеби е потребно СП од 68 репрезентации. Можеби мора  да се поделат малку од огромните резерви на ФИФА, да се поправи инфраструктурата“, додаде Чеферин.

 

ПретходноИзвршител му запленил 9,5 милиони евра на Самсоненко
СледноКонте: Чувствувам дека Тотенхем е вистинското место за мене