По Манасков, Веспрем остана без уште еден клучен играч

351

Екипата на Веспрем до крајот на оваа година ќе мора да се снаоѓа без услугите на еден од своите најдобри играчи, Петар Ненадиќ.

Српскиот ракометар се здобил со повреда на мускулот поради која ќе мора да паузира најмалку шест недели. Ова значи дека нема да може да му помогне на Веспрем за дуелите со Динамо Букурешт вечерва и против Фленсбург, последен од оваа календарска година во Лигата на шампиони.

Унгарскиот вицепрва се најде на големи маки, претходно остана без македонскиот репрезентативец, Дејан Манасков, кој ќе ја пропушти цела сезона.

ПретходноМеси не се сретнал со Лапорта поради неговиот татко!
СледноЈане Николовски повеќе не е тренер на Борец