Oткриено зошто Ибрахимовиќ го фрлил Гатузо во канта за ѓубре

894

За време на првиот престој во Милан Златан Ибрахимовиќ имал соочување со Џенаро Гатузо, а потоа Италијанецот завршил во канта за ѓубре. Приказната првично ја раскажа тогашниот стопер на Милан Тијаго Силва кој за инцидентот изјави:

Двајцата се сретнаа на пат кон соблекувалната, а потоа Ибра го фати Гатузо и го фрли во канта за ѓубре. Не можевме да поверуваме. Да видите само каков израз на лицето имаше Гатузо. Цела недела се смеев“, кажа Бразилецот.

Сега приказната ја потврди и Златан Ибрахимовиќ во својата најнова биографска книга „Адреналин“. Toj објасни зошто го направил тоа.

Рино и јас баравме начин да се мотивираме. Почна да ме нарекува „Грд Словен“, а ја го кренав и го свртив со главата надоле и го ставив во канта за ѓубре“, откри Швеѓанецот со босански корени.

 

ПретходноЈокиќ си поигруваше со “Никси“ среде Њујорк!
СледноУште една неверојатна партија на Лазаров, постигна девет гола во победата на Нант