Бутел Скопје дојде два нови важни бодови во трката за третото место во Супер-лигата. Скопскиот состав на домашен терен го доби дерби дуелот со Е.Пелистер 2, откако славеше со 29-21 во рамките на 13. коло.
Ракометарите на Бутел беа подобар тим во текот на целиот меч, во првото полувреме одржуваа предност до три гола, на одморот гостите намалија на 12-11. Сепак ова не беше закана, домашниот тим со серија од 5-0 поведоа со 24-17 и до крај не им дозволија на битолчани да се заканат.
Мајиќ со осум гола и Младеновск со шест погодоци беа лидери, Петровиќ со седум погодоци беше прв стрелец кај Е.Пелистер 2.
На последната средба од 13. коло, Охрид убедливо го доби езерското дерби, против Струга славеше со 29-18. Тасески постигна шест гола, еден помалку запиша Шилегов, Николов и Додиќ имаа по четири. Кастратович со девет погодоци не успеа да донесе изненадување.