Мајорка го “смрзна“ шампионот среде Мадрид!

160

Сензација на “Ванда Метрополитано“ во Мадрид. Мајорка како гостин со 1:2 успеа да го победи Атлетико Мадрид и тоа со гол постигнат гол во 90+1 за три големи бода.

Тимот на Диего Симеоне уште еднаш разочара, се виде дека е далеку под потребната форма. Сепак домашните поведоа со голот на Чуња во 68.минута. Никој ама баш никој не се надеваше дека по тие 1:0 домашните ќе загубат.

Потоа на сцена стапија Русо во 80.минута и Кубо во 90+1. за победа од 1:2, за големи три бода на Мајорка.

ПретходноБутел го доби дербито со битолчани, Охрид со Струга
СледноМорничава сцена во Дортмунд, Бранд неколку моменти неподвижно лежеше на теренот!