Полувреме: Јуфо ја “скина“ мрежата на Шкендија, два црвени во Струмица,1:1 на Автокоманда!

460

Сензационално водство на Пелистер во Тетово против Шкендија по првото полувреме. Стрелец беше Виктор Нилдо Јуфо, инаку екс-фудбалер на Шкендија кој постигна прекрасен гол од слободен удар.

Интресно е во Струмица каде што играат А. Пандев и Брегалница, нема голови но затоа има два црвени картони. Исклучени беа Бихорац кај домашните и Додев кај гостите.

На Автокоманда 1:1 е во скопското дерби. Алварез стрелаше за водство на Шкупи, за да потоа Чешмеџиев со автогол донесе израмнување за Скопје.

Борец изненадувачки води со Македонија ЃП со голот на Ѓорѓевиќ, додека во Струга каде играат Струга ТЛ и Тиквеш, резултатот по првиот дел од ова 16.коло е 0:0.

ПретходноВардар ниже победи, Струмица незадржлива на врвот
СледноСтрумичанки славеа против шампионот Јанта Волеј КВ