Техничкиот директор на Милан, Паоло Малдини зборуваше за влезот на тимот во Лигата на шампионите на крајот на сезоната 2020/21.
„Меѓу редови“ тој кажа дека Пиоли ќе остане на клупата и следната сезона, со оглед дека му се закануваше отказ ако не избори место во ЛШ.
– Не мислам дека некој може да каже дека не сме заслужиле таков резултат. Особено гледајќи го начинот на кој се боревме цела сезона. Ние сме најмладиот тим во Серија „А“. Играчите и тренерите завршија неверојатна работа. Никогаш не се сомневавме во квалитетите на Пиоли. Да не заборавиме од каде започнавме – загубивме со резултат 0:5 во Бергамо, каде синоќа победивме, изјави Малдини.
Во последното коло од сезоната 2020/21 во Серија А, „росонерите“ ја победија Аталанта со 2:0 и го зазедоа второто место.