Прва меч топка за Бадел 1862 за историја во ВАБА-лига

127

Екипата на Бадел 1862 ја игра најдобрата сезона во ВАБА-лигата. Македонскиот вицепрвак е на победа до историја во јадранското натпреварување, за првпат може да се најде во следната рунда.

Избраничките на тренерот Перо Стамески имаат две шанси. Првата е денеска (18 часот) против Пламен-Пожега на гостински терен, а додека втората е против Партизан на домашен терен.

„Баделки“ се наоѓаат на четвртото место на табелата, па триумф против фаворитот ќе значи заверка на билетот за Супер-лигата.

„По победата на Бановиќи, ни се подотворија вратите за пласман во Супер-лигата, а за да го оствариме тоа неопходна ни е една победа од преостанатите два натпревара. Првиот натпревар со Пламен-Пожега, ќе биде исклучително тежок, во кој секако дека противничката екипа е фаворит, која игра извонредно во досегашниот дел, особено на домашен терен. Имаат извонредно квалитетен тим, избалансиран, и секако најдобрата кошаркарка во доесегашниот дел од натпреварувањето, Ла Мама. Но ние секако нема да подигнеме бело знаме, напротив силно ќе се бориме, ќе дадеме се од себе да направиме изненадување на овој натпревар со победа, иако ослабени со не играњето на плејот Марија Димитријевиќ, поради неодложни училишни обврски“, изјави Перо Стамески.

Денеска игра и вториот македонски претставник, Баскет Кам е домаќин на Будуќност, дуелот е закажан со почеток во 18:30 часот. Тимот од Македонска Каменица е петти на табелата во групата, има две победи и шест порази.

ПретходноЏани во јануари се сели во Серија А!?
СледноПоследните бодови Вардар ги освои на 29 септември, Загреб е вистинска шанса!