Пауло Фонсека нема долго да чека веднаш да продолжи да работи во италијанската Серија „А“. Според најавите, Португалецот кој заминува од Рома, ќе биде нов тренер на Фиорентина.
По завршувањето на вчерашните натпревари, Фонсека беше прашан од новинар дали има нешто вистина во врска со Фиорентина, а тој одговорил со насмевка:
„Засега нема ништо, ќе видиме“…
Фонсека дојде во Рома од Шахтјор, но по само една сезона беше сменет, а на клупата на римската волчица доаѓа познатиот Жозе Мурињо. Фонсека исто така се поврзува и со клупата на Вулверхемптон.
Фото: Официјален твитер профил на Рома