Една од најдобрите светски тенисерки, Романката Симона Халеп мораше да го објави своето повлекување од Ролан Гарос поради пороблеми со повредата. Проблеми кои се појавија по повредата во Рим ја спречија романската тенисерка да учествува во натпреварувањето што и донесе титула во 2018 година.
Се чини дека нејзината повреда за време на турнирот што се одржа во италијанската престолнина беше посериозна отколку што се мислеше.
„Со тешко срце го најавувам повлекувањето од Ролан-Гарос оваа година. За жал, на мојата повреда и треба повеќе време да се санира, а времето е прекратко. Повлекувањето од Грен слем турнир е спротивно на сите мои инстинкти и аспирации како спортист, но тоа е правилна одлука и единствена што треба да се донесе. Помислата дека нема да бидам во Париз ме исполнува со тага. Но, ќе ја насочам својата енергија на закрепнување. Останувам позитивна и ќе се вратам на терените веднаш штом ќе биде безбедно да го сторам тоа“, напиша Симона Халеп на својот профил на Твитер.