УЕФА на “зелена маса“ ќе решава за одложениот меч меѓу Тотенхем и Рен!

237

УЕФА одлучи и дефинитивно да не бара некој нов термин за одигрување на мечот од Конференциската Лига меѓу Тотенхем и Рен кој беше одложен во четвртокот и тоа поради голем број позитивни на Ковид-19 во тимот од Лондон. Па така сега е голем проблем како да се најде нов термин, имено на „спарси“ ниту еден датум не им одговара. Работата да биде полоша е фактот дека ова е решавачка средба за Тотенхем, на кој му треба победа од два гола разлика да оди натаму во ова натпреварување, Рен веќе е пласиран.

Се напоменува дека УЕФА ќе го реши победникот, односно ќе решава за исходот на овој натпревар по службен пат, односно на “зелена маса“.

ПретходноРаботнички во „лов“ на важни бодови кај „залетаните“ кавадарчани
СледноНеверојатно: Постигна гол а не беше во игра! (ВИДЕО)