Воска Спорт едноставно не застанува. Успеа да ја победи Беса со 2:0 во меч од 15.коло во ВМФЛ – ЗАПАД, меч кој започна половина час подоцна.
Стрелци на головите на победничкиот тим беа Гроздановски во 64.минута и Фета во 73.минута. По тешкиот терен на стадинот “Билјанини Извори“ во Охрид, момците на стратегот Раде Цицмиловиќ беа подобри и успеаја да дојдат до победата и многу важните три бода.
Сега по завршувањето на есенската полусезона, Воска Спорт и натаму има предност од три бода во однос на Вардар во битката за второто место на западот кое носи бараж за пласман во ПМФЛ.
Како што веќе информиравме, Вардар со 3:0 го победи Кадино, додека останатите три меча кои денеска беа одложени, ќе се одиграат во вторник.