Вардар се загреа за дербито, Е. Пелистер 2 убедливо против Металург

155

Вардар 1961 за кратко по разделбата со Веселин Вујовиќ одигра меч од Супер-лигата. Актуелниот македонски првак не дозволи промените да се одразат негативно, на домашен терен го совлада Охрид со 33-26 и се загреа за главната пресметка против Е. Пелистер за врвот на табелата.

Охриѓани имаа сили само на стартот, по 6-6 иницијативата ја превзема Вардар, на одморот замина со 17-9 и до крај без проблем го приврши мечот.

Дибиров со девет гола, Гаџа, Талески и Мишевски со по четири погодоци беа најефикасни кај победникот. Кривокапиќ со седум погодоци беше прв стрелец кај гостите.

Металург не успеа да ја продолжи победничката серија, на гости кај Е. Пелистер 2 беше совладан со 39-23, ова е втор пораз сезонава.

ПретходноВелковски и Ријека загубија од Горица, Стојановски остана на клупа
СледноЗвезда се врати од „мртвите“ против Крка (ВИДЕО)