Моќно издание на Нант, Лазаров “пукна четворка”

144

Нант дојде до нова победа во францускиот шампионат. Тимот за кого настапува Кирил Лазаров на домашен терен го совлада Шамбери со убедливи 38-29 и дојде до деветтиот триумф во низа.

Со скор од десет победи, реми и два порази, Нант остана на второто место на табелата зад ПСЖ.

Најдобриот македонски ракометар и селекторот на националниот тим, постигна, сите ги запиша во второто полувреме.

Нант победата ја обезбеди во второто полувреме, претходно на одморот имаше предност од еден гол (18-17).

Прв стрелец беше Ривера со десет гола од исто толку обиди.

Претходно„Комити“ со порака до Вујо: Довидување, но никогаш збогум!
СледноМилнер е во ТОП 4 фудбалери со најмногу настапи во Премиер лигата