По се изгледа дека временските услови во ширум земјава, направија да фудбалските активности бидат под голем знак прашалник викендов. Иако се игра последното коло од есенскиот дел, сепак, и тоа не може да мине без проблеми.
По неколкуте вчерашни одложени мечеви од второлигашките конкурецнии, денеска на повидок одложување и во првата лига. Мечот во Струга помеѓу домашниот Трим Лум и Ренова 99% нема да се одигра денеска затоа што теренот е поплавен, па услови речиси и да не постојат. Конечната одлука секако ја носи делегатот, во корелација со комесарот за натпреварување, па во следните пола час, чекаме и официјална потврда.
Ниту на останатите терени каде што денеска треба да се игра прволигашки фудбал ситуацијата не е сјајна, па можеби ќе има уште некое одложување.












