Епска битка, фантастична битка, нешто што не се случило во историјата во Формула 1. И победник во последните метри во една сезона. Трилер, драма, мноу емоции, радост, еуфорија.
Можеме само да претпоставиме како се чувствува Луис Хамилтон кој ја имаше својата осма титула в џеб во текот на целата трка денеска во Абу Даби, но ете, среќата или тој ГОРНИОТ сакаше да се вмеша, да ги „измеша картите“ и Макс Верстапен да биде новиот шампион.
Многу контроверзи, изјави и “боцкања“ од двете страни, но сепак на крајот Британецот смогна сили и му честиташе на Холанѓанецот.
ФОТО: Formula 1.com Twitter