Седлоски: Среќен сум што сме први, но имаме уште многу работа

568

Шкупи е есенски шампион во ПМФЛ. Екипата од 18 натпревари победи на 13, три пати ремизираше и само два пати загуби. Тоа беше доволно за првото место по првиот дел од сезоната. Сега следува пауза па продолжување на шампионатот каде екипата треба да ја потврди силата и да ја освои шампионската титула. Тренерот Гоце Седлоски зборуваше за резултатите по првиот дел и работата во последните неколку месеци.

Сакам да им се заблагодарам на сите за добрата работа, почнувајќи од фудбалерите, па до техничкиот персонал и моите асистенти, претседателот на клубот и останатите кои работеа напорно во изминатите неколку месеци за да бидеме таму каде што сме – на врвот. Посебна благодарност до нашите фанови кои на секој меч беа нашиот 12-ти играч.

Среќен сум што завршивме први по есенскиот дел од сезоната, меѓутоа нѐ чека уште многу работа. Следува пауза, а потоа нови предизвици. Потребни ни се уште многу победи. Сакам фудбалерите добро да се одморат и потоа да се вратат посилни затоа што до крајот на сезоната имаме уште многу натпревари“, изјави Седлоски.

ПретходноСкопје после 13. кола до прва радост
СледноНаполи „попарен“ од Емполи, Елмас ја погоди пречката (видео)