Штутгарт држеше додека можеше, па на крајот прими пет гола (ВИДЕО)

104

Актуелниот германски шампион Баерн (М) убедливо славеше во првиот меч од новото 16. коло на германската Бундеслига. Пред празните трибини на стадионот во Штутгарт, момците на Јулијан Нагелсман му врачија „петарда“ на домаќинот, кој освен едно солидно прво полувреме, нема со што да се пофали по денешниот меч.

Домашните долго оддолеваа на гостинските напади, се до 41. минута кога Гнабри со својот прв гол ги донесе гостите до предност. Во вториот дел во 53. минута Гнабри со својот втор гол зголеми и на 2:0, за потоа во период од само 5 минути, баварците да постигнат уште три гола (два Левандовски и уште еден Гнабри) за конечни 5:0.

Standings provided by SofaScore LiveScore

 

ПретходноДанска е прв полуфиналист на Светското првенство
СледноАјви не можеше сам: Нов пораз на ФМП Академија во БИБЛ лигата