Биелса: На овој меч направивме се погрешно

238

Синоќа се одигра дел од најновото коло во Премиер лигата, а во него, тимот на Манчестер Сити буквално го „размонтира“ Лидс со 7:0 на домашен терен. Фудбалската лекција на „Граѓаните“ беше навистина имресивна да се проследи и нормално интересна за сите освен за оние кои се некако поврзани со тимот на Лидс.

Менаџерот на тимот, Марсело Биелса нормално разочаран од изведбата на неговите избраници изјави дека на овој меч нема ништо позитивно што да се прибележи.

Не можам да најдам ниту една позитивна работа од овој меч. А кога е така значи потполно сме потфрлиле. Немам ниту едно оправдување. Играта на Сити беше тотално онаква каква што очекувавме, и се подготвувавме да го избегнеме токму она што ни се случи. Не успеавме во тоа како што видовте. Сити играше на неговиот вообичаен стил, а ние погрешивме во се. Ја презимам одговорноста за ова, а ние никогаш не сме потфрлиле како денеска“ – изјави Биелса.

REUTERS/Phil Noble
ПретходноБруклин не го дава врвот на истокот, Кари стана најдобриот тројкаш во историјата (ВИДЕО)
СледноГвардиола: Одличен пристап, резултатите од лани имаа влијание да одиграме вака (ВИДЕО)