Гвардиола: Одличен пристап, резултатите од лани имаа влијание да одиграме вака (ВИДЕО)

121

Сосема спротивно од расположението кај Лидс, во таборот на Манчестер Сити презадоволни од она што се случи синоќа. Триумф од 7:0 на домашен терен, и партија која треба да служи за пример како суперирно да се освојуваат бодови во Премиер лигата.

Пеп Гвардиола одлично расположен по мечот, а како и не би. Неговиот тим го уништи противникот, а Шпанецот даде интерна информација зошто е тоа така.

„Минатата сезона загуивме пет бодови против Лидс. Тоа мора да кажам дека имаше влијание на денешната наша изведба и на конечниот резултат. Лидс е одличен тим, и ние моравме да одиграме на највисоко ниво. Тоа го сторивме од првата минута, и затоа резултатот е ваков. Стадионот беше полн, навивачите уживаа и не бодреа, а ние направивме се за да се среќни“ – изјави Гвардиола.

REUTERS/Phil Noble
ПретходноБиелса: На овој меч направивме се погрешно
СледноБаришиќ: Или нов стадион или Динамо ќе престане да игра во Загреб