Ништо од враќањето во Вардар: Карачиќ го продолжи договорот со Келце!

182

Игор Карачиќ, еден од омилените некогашни ракометари на Вардар, нема намера, барем во следните три години, да се врати во Скопје. И дефинитивно. Имено иако минатиот период се слушаа такви шпекулации, Хрватот го продолжи договорот со Келце и останува во Полска и натаму.

Откако се официјализира новиот договор тој посочи дека е среќен што ќе ја продолжи својата ракометна кариера во Келце, дека му било убаво во тој клуб. Тој исто така истакна дека верува во проектот на Келце и дека се надева на добри игри и успеси со својот клуб.

Кога сме кај Вардар, да кажеме дека Игор Карачиќ во некогашниот двоен ракометен европски првак, беше од 2012 до 2019 година. Беше дел од најголемите успеси во историјата на РК Вардар.

ПретходноМерцедес се откажа од тужбата, Верстапен вечерва го добива шампионскиот пехар
СледноКостадинов е нов играч на Пиаст Гливице