Пред неколку минути, на ждрепката во Нион, нашата најдобра репрезентација ги доби ривалите во Ц – Лигата на Нации, која стартува во јуни 2022 година. Македонија се најде во групата – 4, а за ривали ќе ги има Бугарија, Грузија и Гибралтар.
Се разбира дека против нашиот источен сосед ќе имаме и екстра мотиви, се знае зошто. Досега сме одиграле 7 мечеви, имаме две победи, едно реми и 4 порази. Но сите тие биле одиграни во минатото.
Против Грузија знаеме како треба, онака како што беше во ноември минатата година кога токму на нејзин терен успеавме да избориме пласман на ЕУРО.
Со оваа селекција сме одиграле три меча, имаме една победа и две ремија, не сме загубиле од Грузија.
Гибралтар пак не би требало да ни биде проблем. Досега имаме одиграно два меча и има две победи.
Така да може да се каже дека Македонија, ако одигра како што знае, би можела да се надева на првото место во оваа група, во оваа конкуренција.