Наполи го продаде дефанзивецот Манолас

617

Грчкиот бек Костас Манолас има нов клуб. Наполи го ослободи грчкиот репрезентативец кој одлучи да се врати дома и да заигра за Олимпијакос, клубот за кој настапуваше од 2012 до 2014 година пред да се пресели во Италија.

Договорот на Манолас со Олимпијакос е на три години, а атинскиот клуб за него ќе плати околу 3 милиони евра, а тој ќе му се приклучи во јануари.

Сезонава Манолас одигра само четири меча во Серија А и три во Лига Европа. Тој е поранешен играч на Рома, а Наполи го донесе во 2019 година за 36 милиони евра.

ПретходноСалах изедначи рекорд на Варди – голови или асистенции на 15 меча по ред
СледноМЗТ Скопје не запира, падна и Спарс (ФОТО)