Претстижниот „Ел Национал“ во денешното издание објавува дека тимот на Барселона сака во своите редови да го доведе сегашниот член на тимот на Манчестер Јунајтед, Алекс Телес.
Во него гледа замена за ветеранот Жорди Алба, кој е на залезот на кариерата. Телес во тимот на Јунајтед немаше премногу минутажа особено кога менаџер беше Солскјер, а кај Ралф Рангник ситуацијата нешто му се подобри. Сепак, евентуален повик од Барселона секако дека за Телес би значел нов почеток во еден од најголемите клубови во светот и декако дека оваа опција би ја разгледал сериозно.