Охрид лесно низ Скопје

100

Екипата на Охрид максимално ја оправда фаворитската улога на гостувањето кај Охрид. Гостите дојдоа до убедлива победа од 23-36 во рамките на 16. коло во Супер-лигата, последно за оваа година и привремено се искачија на петото место на табелата, дали ќе останат таму ќе биде познато утре по комплетирање на колото.

Охриѓани мечот го решија во првиот дел, поведоа со 3-9, на одморот имаа водство од 12-18, кое беше доволна „залиха“ за второто полувреме, во кое ја продолжија доминацијата и без проблем ги собраа бодовите.

Кривокапиќ имаше осум гола, три помалку запиша Младеновиќ, кај Скопје, Киселовски беше стрелец на девет погодоци.

ПретходноСтранците се вратија на терен, Работнички убедливо против Куманово (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноЈуве рутински во Болоња (ВИДЕО)