Спортскиот директор на Пари Сен Жермен, Леонардо, смета дека парискиот тим се уште има шанса да постигне договор кој ќе овозможи обновување на договорот на Килијан Мбапе.
„Ако одлучи да остане, останува затоа што тоа е наша желба. Мислам дека се уште имаме добри можности да го продолжиме договорот. Верувам во тоа“, изјави Леонардо.
Мбапе е пред крајот на договорот и од јануари ќе може да преговара за својата иднина со друг клуб.