Кристоферсен триумфално во велеслаломот во Алта Бадија

165

Норвежанецот Хенрик Кристоферсен е победник во велеслаломот во италијанската Алта Бадија што е негов прв триумф сезонава во Светскиот куп. Ова е негова севкупно трета победа во Светскиот куп, а прва во велеслаломот.

Втор на денешната трка заврши лидерот во генералниот пласман Марко Одермат, а трет Мануел Фелер.

Утре повторно во Алта Бадија ќе се одржи велеслаломска трка, а на 22 декември е слаломот во Мадона ди Кампиљо.

ПретходноТорино со “минималец“ ја победи Верона, реми во Џенова!
СледноИ Ловќен на “менито” на МЗТ Скопје за перфекција во Сараево