Екипата на Реал Мадрид испушти два бода во дуелот со Кадиз во 18. коло на шпанската Ла Лига. „Кралевите“ иако беа неверојатно доминантни (82%-18% посед на топка) имаа дури 36 шутеви од кои 10 прецизни но ниту еднаш не ја затресоа мрежата на аутсајдерот кој ниту еднаш не упати удар во рамките на голот на Куртоа. Резултатот на крајот 0:0.
Реал го впиша четвртото реми но е лидер со 43 бода, шест повеќе од второпласираната Севиља. Кадиз е претпоследен со 14 бода.