Кинескиот град Шенжен е последниот кој е вклучен во календарот на атлетски митизни кои следната 2022 година ќе ја сочинуваат престижната Дијамантска лига. Следната година, како што потврди ИААФ, ќе има 14 митинзи во популарната серија.
Престижното атлетско натпреварување во 2022 година ќе опфати четиринаесет митинзи со 32 дисциплини, по 16 во машка и во женска конкуренција. Сезоната започнува на 13 мај во Доха, а треба да заврши на 7 и 8 септември во Цирих. Кина ќе биде единствената која ќе има два митинга.
КАЛЕНДАР НА ДИЈАМАНТСКАТА ЛИГА 2022:
Доха (Катар) – 13 мај
Бирмингем (Лондон, УК) – 21 мај
Јуџин (САД) – 28 мај
Рабат (Мароко) – 5 јуни
Рим (Италија) – 9 јуни
Осло (Норвешка) – 16 јуни
Париз (Франција) – 18 јуни
Стокхолм (Шведска) – 30 јуни
Шангај (Кина) – 30 јули
Шенжен (Кина) – 6 август
Монако (Монте Карло) – 10 август
Лозана (Швајцарија) – 26 август
Брисел (Белгија) – 2 септември
Цирих (Швајцарија) – 7 и 8 септември