Морант го избриша страшниот дабл-дабл на Леброн (ВИДЕО)

228

Леброн Џејмс е во страшна форма, но тоа не може да се каже Лејкерси, го запишаа петтиот пораз во последните четири меча. „Кралот“ на својот шестти натпревар во низа запиша над 30 поени, но пресметката со Џа Морант ја доби младата ѕвезда на Мемфис.

Неверојатниот Морант запиша 41 поен, 10 скока и две асистенции, додека Леброн имаше 37 поени, 13 скока и 7 асистенции. Покрај Џејмс добра партија пружи и Вестбрук со 16 поени и 10 скока.

Мемфис имаше негатива од 14 поени разлика во второто полувреме, но Морант го поведе својот тим, со спектакуларен пресврт дојде до 22. победа.

Лејкерс се седми во Западот со 17 победи и 19 порази, додека пак Мемфис се наоѓа на четвртото место.

Резултати: Детроит – Њујорк 85:94, Индијана – Шарлот 108:116, Бостон – ЛА Клиперс 82:91, Чикаго – Атланта 131:117, Мемфис – ЛА лејкерс 104:99, Феникс – Оклахома 115:97, Портланд – Јута 105:120, Сакраменто – Далас 95:94.

Претходно„Ни рекоа дека за нас немаат пари, но дали ќе го потпишат Халанд?“
СледноТухел бесен: Како да останеме во трката за титулата?