Играчките од дербито Пелистер – Вардар завршија онаму каде што треба (ФОТО)

212
Планираната хуманитарна акција на тимот на Е.Пелистер денеска е исполнета. На мечот против Вардар во салата Боро Чурлески на полувремето беа фрлени на паркетото од страна на публиката стотици играчки кои беа наменети за најмладите.
Денеска акцијата продолжи и е комплетирана во Домот за доенчиња, Заводот за децата со оштетен слух, говор и глас „Кочо Рацин“, ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ и детската градинка „Снегулка“ во Битола. Ракометарите на Е.Пелистер ја покажаа својата хумана страна како што и треба да биде, а клубот од Битола потенцираше дека и во иднина ќе реализира хуманитарни акции и со своите дела ќе ги потенцира вистинските вредности во животот.
ПретходноКина воведува радикални промени, тетоважите строго забранети
СледноБарселона пријавува уште заразени