Почнува Дакар 2022: Швајцарците со Лада Нива од 1984 година се вистински хит!

855

На рели-маратонот Дакар скоро секоја година има по некој необичен учесник. Ни оваа 2022 нема да биде поразлично. Швајцареците Марио Јакобер и Слаѓан Милиќ, решија на најпрестижниот рели натпревар на стартот на секоја нова година да учествуваат со Лада Нива, оригинална во руска верзија од производствените погоди во Тољати.

„Сон ми беше да учествувам на легендарната трка Дакар. Благодарение на отворањето на новата класа Dakar Classic од 2021 година, оваа можност стана пореална за нас. Го гледав Дакар додека бев мал, се сеќавам како тимот на Порше возеше одлично во 80-тите и 90-тите. Но, исто така се сеќавам дека и Лада Нива беше многу силна во тоа време. Мојата сопруга е Русинка. Сега и јас сум 50% Русин. Се сретнавме во Санкт Петербург, каде бев на викенд. Таа таму студираше, се запознавме во ресторан, а потоа Улјана ми го покажуваше градот неколку дена и веднаш се заљубивме! Во јануари минатата година, мојата сопруга и јас ги посетивме нејзините во Новосибирск, а тие ме поканија да одам со нив на риболов. Беше зима и минус 35 степени! Сите наоколу беа на „Лада Нива“. Си помислив: „Леле, ако автомобилот може да издржи сурови снежни услови, тогаш мора да биде совршен автомобил за да се натпреварува во Дакар. И така се решивме со Лада оваа година да се пријавиме на Dakar Classic 2022“, вели Марио Јакобер.

Неговата идеја му се допаднала и на неговиот партнер во возилото, Слаѓан Милиќ.

„Го гледав и Дакар како дете, секој пат тоа беше огромен настан за мене. За мене учеството на Дакар е чудо. Да, тоа е тешка трка, но јас сакам трки со издржливост. Тоа е исто така неверојатна авантура. Легенда како Жаки Икс учествуваше на Дакар со Лада Нива, и неверојатно е што сега нашиот тим е почестен да биде следниот кој ќе се натпреваруваат во Дакар во овој легендарен болид“, вели Милиќ.

Двајцата заедно тргнале да купат некоја Лада Нива на старо во Новосибирск. Одлуката паднала на Нива-1600 од 1984 година. Автомобилот бил во многу добра состојба, па само направиле минимални корекции за да го подготват за Дакар.

„Прво, сите потребни промени беа во согласност со барањата на категоријата Dakar Classic. Девет месеци подоцна, добивме готов автомобил, кој се возеше од Новосибирск до Тољати, а потоа до Москва и Санкт Петербург, па од таму до Хелсинки, а потоа со траект до Германија и понатаму до Швајцарија. Од Тољати до Хелсинки има околу 3000 километри. Нашиот механичар, кој возеше од Новосибирск до Тољати, исто така извозе околу 3000 километри. Сега можеме да претпоставиме дека нашиот болид веќе помина половина од релито Дакар за една недела“, велат Швајцарците кои со нетрпение го чекаа стартот на лудото патешествие кое почнува денеска, а ќе трае до 14 јануари.

ПретходноСелекторот на САД се врати дома и право на Водно
СледноЕкипа од Тахити ќе игра на Светското клупско првенство